Рагбито е еден од најпопуларните спортови во Нов Зеланд, а како награда за успешно скротената пандемија со Ковид-19 почнаа натпреварите со присуство на публика.
Пред 20 илјади гледачи на распродадениот стадион „Форсајт Бар“ премиерата беше возбудлива, а домашниот тим Хајландерс со поен во последната минута го победи јужноафриканскиот Чифс со 28:27.
Домаќин на турнирот е Нов Зеланд со учество на екипи и од Австралија, Аргентина и од Јужна Африка. Интересот е огромен, а министерот за спорт на Нов Зеланд изјави дека турнирот со присуство на навивачи на трибините е награда за дисциплината и односот на пет милиони Новозеланѓани во екот на пандемијата со Коронавирус.
Земјата се справи на неверојатен начин со опасниот вирус и во послендите три седмици нема ниту еден нов заразен од Ковид-19. Во оваа недела и последниот човек што имаше симпотоми на Коронавирус е излечен, а Нов Зеланд имаше само 22 жртви во неколкумесечната битка со пандемијата.