Бразилецот Нејмар и четвртиот судија Ортис Аријас имаа необичен дуел по завршувањето на мечот меѓу Бенфика и Пари Сен Жермен, а ракувањето многу потсети на жешкиот дуел меѓу Томас Тухел и Антонио Конте неодамна на мечот меѓу Челзи и Тотенхем.
Нејмар ладнокрвно се поздрави со Ортис, а четвртиот судија на мечот од ЛШ што се играше синоќа во Лисабон го повлече назад кон себе.
https://twitter.com/pavelfernandez_/status/1577774199879376905?s=20&t=cTtKyVayF6RjW-9UKnai3A
Нејмар сепак не реагираше како што тоа го сторија Конте и Тухел, но со реакција покажа дека не е задоволен од судењето на мечот на „Луж“ што заврши 1:1.
https://www.youtube.com/watch?v=9yJcPjkdNbY