Јувентус пред две недели го купи холандскиот интернационалец Теун Копмајнерс од Аталанта за 60 милиони евра. Од него се очекува да биде големо засилување во средниот ред, а фудбалерот вели дека за него е шанса која не смеел да ја пропушти.
„Среќен сум што започнувам нова авантура. Секогаш си замислував колку би било одлично кога би играл за Јувентус, а кога ми се укажа шанса, не размислував за ништо друго“, вели Копмајнерс за трансферот во Јувентус.
Копмајнерс ќе игра на неговата омилена позиција, во средниот ред, и ќе биде задолжен да ги „храни“ напаѓачите со употребливи топки.
„Во Италија играв на различни позиции, но секако најдрага ми е позицијата во средниот ред. Во моментов мојата улога е зад напаѓачите и одлично се чувствувам тука“, додава холандскиот интернационалец.