Ја завршија серијата со баксузниот број 13 – Леванте и Селта конечно одиграа нерешено (Видео)

Енис Барди играше малку повеќе од половина час за Леванте и учествуваше на меч што е многу интересен против Селта Виго, а заврши нерешено 1:1.

По цели 8 години и 13 меѓусебни дуели на кои едната од двете екипи победуваше во Ла Лига, конечно Леванте и Селта ремизираа.

И малку фалеше низата од 2012 година да продолжи бидејќи Леванте даде гол за победа во 93-тата минута, но по долго прегледување со помош на ВАР-системот, судијата Лопес го поништи погодокот поради офсајд.

Роџер Марти беше на линијата со голманот на Селта, Вилјар, и голот беше поништен.

Претходно токму Марти со гол му донесе предност на Леванте во 48-мата минута, а израмни Кареира со погодок во 52-рата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести