Јоаким Лев ги повика и петмината репрезентативци што играат во Премиерлигата за дуелот со Македонија, премиерен за двете репрезентации на 31. март во Дуизбург.
Сефте ќе играме против четирикратните светски прваци, а мисијата ќе биде сложена да се приреди чудо на „МСВ“ арена во Дуизбург.
Лев ги стави на списокот и Бернд Лено, Антонио Ридигер, Илкај Гиндоган, Каи Хаверц и Тимо Вернер и покрај опасноста тие да мораат да одат во карантин по кам-бекот во Англија, во клубовите за кои настапуваат во Премиерлигата.
На списокот од 26 играчи има многу познати ѕвезди, а ќе дебитира и големиот талент Џамал Мусијала од Баерн Минхен, кој е меѓу повиканите за мартовските дуели со Исланд, Романија и Македонија.
🇩🇪 Unser Kader für die WM-Qualifikationsspiele im März❗#GERISL #ROUGER #GERMKD #DieMannschaft pic.twitter.com/M4QP0SttFM
— DFB-Team (@DFB_Team) March 19, 2021
Германците ќе ги почнат квалификациите за Свесткото првенство против Исланд на свој терен на 25. март, три дена подоцна и гостуваат на Романија, а мартовската фаза ја завршуваат со првиот меѓусебен меч со Македонија на 31. март од 20.45 часот во Дуизбург.