Во неделата многу фаворити во најсилните европски лиги одлично си ја завршија работата на свој терен. Токму тие сигурици на вистински начин ги искористи еден обложувач кој уплатил тикет во Куманово и само со 50 вложени денари си заработи над 60.000 денари.
На тикетот има седум меча и тактиката кај сите е речиси иста. Домаќините да водат на полувреме и на крајот да победат, а на мечот да бидат постигнати барем два гола. Само на дуелот меѓу Лацио и Монца потребно беше да има 3+ гола и на крајот Небесносините славеа со убедливи 5:1, а на полувремето беше 1:0.
Валенсија уште на полувремето водеше со 2:0 против Леганес, а тоа беше и конечниот резултат. Иста беше ситуацијата и на дуелот меѓу Лајпциг и Сент Паули.
Сосиедад водеше на полувреме со 1:0 против Еспањол, потоа гостите израмнија, а во 84-тата минута домаќините постигнаа втор погодок за триумф од 2:1. Лион имаше лесна задача и со 4:0 го победи Ремс откако на полувреме домаќинот водеше со 1:0.
Брага даде по еден гол во двете полувремиња и на крајот славеше со 2:0 над Жил Висенте. Исто беше сценариото и во Холандија на дуелот АЗ Алкмар и Цволе.