Јаки добитни тикети со парови од Лигата на шампионите

Во деновите кога се играат натпревари од фудбалската Лига на шампиони, обично има поголем број уплатени тикети затоа што играат и многумина кои не се редовни, па така има и поголеми шанси за добитни тикети, а во Sport Life вчера биле уплатени и денеска се исплатени два вредни добитни тикета.

Средата беше среќна за обложувач кој во скопски Аеродром уплатил 500 денари на тикет со пет меча, три од ЛШ и два од англискиот Чемпионшип. Комбинација од три различни игри му донесе чиста заработка од околу 2.500 евра. Мајсторски ги погодил исходите, но имал и среќа, на ВБА – Саутхемптон потребно беше двата тима да дадат гол, а гостите својот единствен гол го постигнаа во 91-вата минута, стрелец беше канадската ѕвезда Кајл Ларин.

Само три натпревари му беа потребни на играч од Ново Село со 100 денари уплата да фати тикет кој има бруто-добивка од над 93.000 денари.

Реал Мадрид и Бодо/Глимт со водство на полувреме и победи на крај од 3-0 најавија дека тикетот ќе биде добитен, но потврдата дојде дури во 94-тата минута од мечот ПСЖ – Челзи, на кој е прогнозирано дека ќе паднат 7 или повеќе голови. Седмиот гол падна во 94-тата минута и беше дело на Хвича Кварацхелија, па Грузиецот донесе голема радост во струмичко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести