Јакин: Знаев дека ќе ја уништиме Италија

Во првиот натпревар од нокаут-фазата на Европското фудбалско првенство во Германија, одличната Швајцарија рутински ги победи Италијанците со 2-0 и ги елиминира уште во осминафиналето. Актуелниот европски првак се прости од турнирот, а во следните две недели ќе добиеме нов шампион.

Пласманот меѓу осумте најдобри на Швајцарците им го обезбедија Ремо Фројлер и Рубен Варгас кои беа стрелци на головите. Во четвртфиналето ќе играат против Англија или Словачка.

Швајцарскиот селектор и поранешен репрезентативец, Мурат Јакин, не го криеше своето воодушевување.

„Неверојатно е што се случува на овој турнир. Уживавме на секој стадион. Големи пофалби за навивачите. Знаев дека ќе ги уништиме ако Италијанците играат со четворица во одбраната. На ЕВРО 2024 има одлични селекции, минавме непоразени во групната фаза и игравме добро, а натпреварот со Германија покажа дека можеме да одиме рамо до рамо со најсилните. Вечерва со нашата игра испративме важен сигнал. Не бевме само во одбрана, туку покажавме дека можеме да напаѓаме и да доминираме“, изјави Мурат Јакин.

 

- Оглас -

Најнови вести