Последниот тренинг на Барселона пред средбата со Овиедо не донесе позитивни вести за Ханси Флик. Новата лоша вест е од вторникот, кога стана јасно дека Гави ќе отсуствува четири или пет месеци по операцијата поради проблем со менискусот.
Позитивни вести има околу Алехандро Балде, кој во средата ја одработи својата втора последователна тренинг-сесија, иако не се очекува да се најде во тимот на Флик за денешниот меч против Овиедо.
Ламин Јамал не тренираше со останатите соиграчи, па затоа тој е целосно исклучен од плановите за гостувањето во астуриската престолнина.
Фермин Лопес работеше по специјална програма во сала за кревање товар по повредата што ја заработи против Хетафе, а Диего Кохен, кој ќе настапи на Светското првенство до 20 години во Чиле, веќе не тренира со соиграчите.