Најмладиот фудбалер на ЕВРО 2024, Шпанецот Ламин Јамал, даде интервју кое стана многу гледано поради некои од неговите одговори.
Јамал, меѓу другото, кажа и дека Лионел Меси е најдобар на сите времиња, но дека повеќе сакал да го гледа Нејмар како игра отколку Меси.
Младиот крилен играч доби прашање и колку се чувствува „куле“ (навивач на Барселона) од 1 до 10, а тој кажа „10“. Следуваше прашање: „Дали си од оние кои велат дека никогаш нема да играат за Реал Мадрид?“
Јамал одговори кратко и без размислување: „Да“.
😱 ¿Jugaría Lamine Yamal en el Real Madrid? 😱
😉 Se lo ha desvelado a @JuanfeSanzPerez: pic.twitter.com/TKHfxaobgQ
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) July 4, 2024