Фудбалскиот свет е во очекување на манифестацијата на доделувањето на Златната топка, а оваа година изборот ќе биде неизвесен, како ретко кога во последните години.
Еден од номинираните е и Ламин Јамал, а шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ пренесува дека фудбалерот на Барселона со себе ќе понесе дури 20 членови на семејството и пријатели, а сите ќе бидат облечени во луксузни костуми.
Шпанците ова го толкуваат како најава дека Златната топка ќе му припадне токму на Јамал, а според нивни информации, веќе е резервиран и локал за прослава.
Сепак, Усман Дембеле од ПСЖ останува прв фаворит за освојување на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.
, , ̀ ́́ ’ !
Une possible fête privée dans Paris pourrait être organisée en… pic.twitter.com/pKlPnYXCyL
— Actu Foot (@ActuFoot_) September 21, 2025