Јанг со рекорд на кариерата ги растури Жешките, рафал на Ракетите во Сан Франциско (видео)

Треj Јанг со рекордните 50 поени во својата кариера ја предводеше Атланта до победа против Мајами хит со 129:124. Младата ѕвезда на Јастребите беше шутерски расположена, погодуваше тројки од сите позиции и на крајот заврши со 8/15 од дистанца.

Јанг сам им парираше на расположените Бем Адебајо и Горан Драгиќ. Центарот на Мајами заврши со дабл-дабл од 28 поени и 19 скока, додека малку беа и 19 поени на искусниот словенечки плејмејкер.

Шутерско шоу имаше и во Сан Франциско, но таму целата екипа на Хјустон рокетс распали по Воините триумфирајќи со 135:105. Ракетите вкупно шутнаа 49 тројки, од кои погодија 25, односно 15 во првите две четвртини.

Најмногу топки потроши Џејмс Харден, шутираше 3/12 за три и заврши со 29 поени и 10 асистенции. Ковингтон погоди 5/10 за три поени, а Такер беше перфектен со учинок 5/5. Од редовите на Голден стејт расположен беше Вигинс со 22 поени.

Со својот 44-ти дабл-дабл учинок оваа сезона, Јанис Адетокумбо го одведе Милвоки до 47-ма победа. Бакси на гости кај Детроит славеа со 126:106, а најкорисниот играч во лигата блескаше со 33 поени и 16 скока, кои ги реализира за помалку од 32 минути на паркетот.

Oстанати резултати: 

Чикаго 93:103 Шарлот, Филаделфија 112:104 Бруклин, Сакраменто 129:125 Мемфис.

- Оглас -

Најнови вести