Барселона и Њукасл преговараат за трансфер на Ентони Гордон

Барселона започнала преговори со Њукасл за трансферот на Ентони Гордон, пренесува Фабрицио Романо.

Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко, веќе бил во Англија за да води разговори околу евентуалниот ангажман на 25-годишниот офанзивец.

Гордон планира да го напушти Њукасл ова лето, но интерес за него покажуваат и Баерн Минхен, Ливерпул и Арсенал.

Цената на англискиот репрезентативец се движи меѓу 80 и 90 милиони евра, а Страчките засега не се подготвени за попуст.

Во сезоната 2025/26, Ентони Гордон постигна 17 гола и забележа 5 асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести