5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Јаник Синер експресно до пласман во полуфиналето на турнирот во Париз

Јаник Синер лесно дојде до пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Париз, откако за само 70 минуни славеше со максимални 2-0 против Бен Шелтон од САД. Италијанецот ги доби двата сета со идентични 6-3.

За Синер ова е 11-та победа по ред, откако на петти октомври го предаде мечот против Греикспор од 1/16-финалето на турнирот во Шангај. За овие нешто повеќе од 20-тина дена, Италијанецот победи на три натпревари во Саудиска Арабија и дојде до трофејот од „Шестте крала“, а потоа и со пет победи го освои АТП турнирот во Виена.

Синер вечерва ќе го дознае својот противник во полифиналето на турнирот во Париз, а тоа ќе биде подобриот од дуелот на Медведев и Зверев.

- Оглас -

Најнови вести