6.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Јаник Синер го освои турнирот во Париз и сега повторно е број 1 во светот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на АТП турнирот во Париз, откако во финалето со 2:0 во сетови беше подобар од Феликс Оже Алиасим. Со оваа победа Синер не само што го освои трофејот во Париз, туку собра доволно бодови за од утре повторно да биде на врвот на АТП листата.

Стартот на финалето беше како што може да посака Синер, со брејк на сервис на противникот. Потоа, до крајот на првиот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па Синер го доби со 6:4.

Во вториот сет продолжи неизвеноста. Синер имаше вкупно пет брејк топки во два наврати кога сервираше Оже, но не успеа да добие гем на сервис на противникот, па стигнаа до 6:6 и мораше да се игра тај-брејк. Тогаш Синер ја покажа моќта и без многу проблеми, со 7:4 го доби тај-брејкот, а со тоа и вториот сет, односно мечот.

- Оглас -

Најнови вести