Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја оствари првата победа по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен. Тој беше подобар од Томаш Махач од Чешка со 2:0 во сетови (6:1, 6:4).
Синер триумфираше прилично лесно – првиот сет го доби по само 26 минути игра, со два брејка. Чешкиот тенисер немаше одговор на сервисот на Италијанецот, а Синер и во вториот сет направи брејк во петтиот гем, што беше доволно за пласман понатаму. Имаше три меч-топки на сервис на противникот при резултат 5:3, а потоа на свој сервис беше сигурен и се пласираше во следната рунда.
Во наредното коло Синер ќе игра против Алексеј Попирин. Да потсетиме, на овој турнир настапува и Карлос Алкараз, додека Новак Ѓоковиќ го откажа учеството пред неколку дена.

