Јаник Синер ја забележа и 17-тата победа по ред и дојде до пласман во финалето на завршниот АТП-турнир во Торино. Италијанецот овие 17 победи ги оствари за точно еден месец, а загуби само еден сет.
Тој денес славеше со максимални 2-0 над Алекс де Минор од Австралија во полуфиналето, 7-5 и 6-2 по сетови за 113 минути игра.
Противник на Синер во големото финале ќе му биде победникот од второто полуфинале, во кое играат Алкарас и Оже-Алијасим.

