На Истокот во НБА љубоморно се чува домашниот терен

Милвоки – Торонто (НБА, 02.30 часот)

Ако продолжи трендот екипите да си победуваат на свој терен, тогаш Милвоки е поблиску до финалето, но постои една опаснот. Прв пораз на домашен терен за нив ќе значи соочување со елиминација во Торонто.

Како што одат работите досега, Репторс треба први да повлечат потег и да се обидат да направат брејк, бидејќи најдоброрангираната екипа од регуларниот дел на НБА-лигата без пораз на домашен терен ќе патува во големото финале.

Торонто не беше далеку од брејк уште на стартот од серијата, одигра конфузно во финишот и загуби со 8 поени разлика, а потоа беше декласиран со 22 негатива во вториот меч во Милвоки.

Проблем е што Ленард има повреда и Сијакам не е докрај заздравен, а тоа е дуото што дава речиси половина поени за Репторс.

Предлог тип: 1 (1.50) Супер тип Sport Life

 

Јанис Адетокумбо (Милвоки – Торонто, 02.30 часот)

Јанис има далеку послаб просек во плејофот и дава само 23 поени по меч во серијата против Торонто. На Бакс не им оди лесно во дуелите со жилавиот ривал, а позитивата од 2:0 со две домашни победи, Репторс им ја стопија и сега е 2:2.

Дали ќе продолжи доминацијата на екипите што играат на домашен терен во ова конференциско финале, многу зависи токму од Адетокумбо. Ако крилото на Милвоки одигра како што знае, тогаш Елените се фаворити за предност од 3:2.

Сепак, воочливо е дека Јанис не форсира толку сам да ги решава работите на теренот во дуелите со Торонто, па на два од четирите дуели и не беше најдобар стрелец во составот на Милвоки.

Ноќеска се игра исклучително важен меч, а победата може да даде сигурен правец кон големото финале на една од двете екипи. Во ваков момент од кандидатот за МВП на лигата се очекува да биде лидер, поентер, скокач, асистент, а Јанис ги има потребните квалитети за такво нешто.

Предлог тип: Адетокумбо >27.5 поени (1.87)

 

Крис Мидлтон (Милвоки – Торонто, 02.30 часот)

Ако имаше некаква светла точка во последниот од двата порази на Бакс во Торонто, тоа е дека конечно се подразбуди Олстар-бекот Крис Мидлтон.

На првите три дуели не беше во свој елемент и постигнуваше многу малку поени, вкупно 32, учинок што скоро го надмина во четвртиот дуел кога уфрли 30 поени.

Мидлтон игра и одлична одбрана, па тој е еден од клучните фактори во успесите на Милвоки и од него исто така зависат многу работи во одлилчниот НБА-состав.

Сега серијата се сели во Милвоки, петтиот меч при нерешен резултат за екипата што е домаќин е исклучително значаен бидејќи пораз му носи меч-топка на ривалот на негов терен. Мидлтон одигра одлично пред два дена и очекуваме да продолжи во тој тренд.

Предлог тип: Мидлтон >17.5 поени (1.90)

 

Кавај Ленард (Милвоки – Торонто, 02.30 часот)

Мистериозна е повредата на Кавај Ленард, не се открива за што се работи, а тој игра со лавовско срце за Торонто. Видливо е дека се мачи, но не се откажува, и тоа особено го ценат симпатизерите на Репторс, па Кавај им стана голем миленик уште во првата сезона.

Ги „купи“ и сите неутрални фанови на кошарката уште со игрите во Сан Антонио, а се работи за еден од најдобрите кошаркари на светот без темна дамка во кариерата.

И ноќеска Кавај ќе мора да стисне заби и да одигра како што го прави тоа во целиот плејоф, а игра импресивно. Досега постигна вкупно 117 поени на четири меча со Бакс и тој е  најефикасниот кошаркар во оваа серија. Само еднаш беше под 30 или повеќе поени, па се знае што се очекува од него и ноќеска во мечот број 5.

Предлог тип: Ленард >29.5 поени (1.95)

 

Норман Пауел (Милвоки – Торонто, 02.30 часот)

Резервниот бек-шутер на Торонто игра многу солидна серија против Милвоки и тој може многу да му помогне на тимот во обидот да се направи брејк.

Пауел добро си ги користи минутите како шести играч на Торонто и има просек од над 14 поени по меч. Почна малку послабо со шестка на првиот меч, но оттогаш бројот на поени кај него постојано расте и е двоцифрен на три дуели по ред.

Типуваме дека и ноќеска ќе ја мине границата од 10 поени.

Предлог тип: Пауел >10.5 поени (1.85)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести