Јап Стам од јуни седнува на клупата на Феенорд

Јап Стам од следната сезона ќе ја преземе клупата на 15-кратниот холандски првак Феенорд, каде што ќе го замени Џовани ван Бронхорст. Двете страни денес склучија договор, а токму од Стам започнуваат радикалните промени на тимот од „Де Кајп“.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед моментално работи како шеф на стручниот штаб во Цволе, каде што до крај ќе го отслужи договорот кој му истекува по крајот на оваа сезона. Со Феенорд се согласи на двегодишна соработка, а во зависност од остварување на целите, таа може да биде продолжена.

„Навистина уживам во работата во Цволе, но за секој амбициозен стратег е чест да се биде тренер на клуб каков што е Феенорд. Морав добро да размислам кога ја добив понудата, а по разговорите со управата на Феенорд одлучив да го прифатам предизвикот. Благодарен сум на Цволе што ги разбира моите амбиции и ми дозволи да преговарам, до крајот на сезоната целосно сум фокусиран на успеси со овој тим, а дури налето ќе размислувам за Феенорд“, истакна Стам.

За Стам ова ќе биде негов трет клуб во тренерската кариера. Ја започна во Ајакс како тренер во младинските категории, а прв посериозен предизвик му беше Ридинг во Шампионат лигата на Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести