Кошаркарската репрезентација на Јапонија се пласираше на завршницата на Светското првенство откако на дуелот против Катар славеше со убедливи 96:48. Јапонија едноставно беше многу подобар тим и во ниту еден момент немаше дилема кој ќе се радува на крајот.
Мечот, кој немаше неизвесност, ќе се памти по тројката која беше постигната во третата четвртина. Јапонија беше во напад, топката дојде до Русеи Шинојаме, кој несмасно едвај ја исконтролира, а потоа пред да истече времето за напад, но и да не излезе во аут, ја фрли, а таа заврши директно во кошот.
https://twitter.com/FIBAWC/status/1099721857459240965