Јапонија има предност од 1:0 против Хрватска, по првото полувреме во осминафиналето на Светското првенство. Азиската селекција, која во групната фаза ги победи Германија и Шпанија, сега одлично игра и во дуелот со Хрватска, а со голот на Дајзен Маеда во 43-тата минута, на пауза замина со предност од еден гол.
Хрватска подобро го отвори мечот, Коцкестите доминираа во поседот на топката, но немаа некоја посериозна шанса. Како што одминуваше полувремето, Јапонците покажуваа дека може да бидат опасни, изведоа три корнери и токму од третиот удар од аголот направија акција за гол и предност на полувреме.