28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Јапонија за еден гол не израмни сопствен рекорд стар 54 години (видео)

Фудбалската репрезентација на Јапонија триумфираше со неверојатни 14-0 против Монголија во квалификацискиот дуел од петтото коло за СП 2022. Јапонците останаа максимални по пет натпревари, но пропуштија шанса да израмнат сопствен рекорд стар повеќе од половина век.

Имено, оваа победа е втора најголема во историјата на Јапонија, во 1967 година Филипините настрадаа со неверојатни 15-0.

Дури деветмина различни фудбалери ја тресеа мрежата на Монголија почнувајќи ја голеадата во 13-тата минута, па сè до судиското надополнување. Хет-трик реализира Осако, по два гола броеја Фурухаши, Ито и Инагаки, додека Морита, Камада, Асано, Минамино и авготолот на Туја ја комплетираа неверојатната победа.

- Оглас -

Најнови вести