Риоју Кобајаши е освојувач на традиционалното натпреварување „Четири скокалници“. Јапонскиот скокач едноставно немаше конкуренција и на доминантен начин стигна до тронот. Кобајаши не само што триумфираше на „Четири скокалници“, туку стана само третиот ски скокач кои успеал да победи на сите четири натпревари. Претходно ова им успеало само на Свен Ханевалд и Камил Сток.
На денешната последна скокалница во Бишофсхофен, фантастичниот јапонски натпреварувач беше на четврто место по првиот скок, кога стигна до 135 метри. Сепак, за да ја потврди доминацијата, Кобајаши во вториот скок успеа да стигне до 137,5 метри, а доби и одлични оценки. Добиените бодови на крајот беа доволно за да стигне до првото место. Маркус Есенбихлер кој беше најдобар по првата серија, на крајот заврши на петото место во Бишофсхофен.
Во вкупниот поредок на „Четири скокалници“, Кобајаши освои 1.098 поени, а зад него остана Есенбихлер со 1.035,9 поени.