Јармоленко: На Русите треба да им се забрани сè, да бидат во целосна спортска изолација

Капитенот на фудбалската репрезентација на Украина, Андриј Јармоленко, бара Русија да биде изолирана на секое спортско ниво. Според Јармоленко, кој е роден во Санкт Петербург во Русија, Русија е земја на терористи.

„Рускиот фудбал и рускиот спорт треба целосно да бидат изолирани. Тоа е земја на терористи, земја која убива Украинци и украински деца. Не треба на Русите да им се дозволи да учествуваат во какво било натпреварување додека се убива цивилно население во Украина. Ставот на сите во украинскиот тим е единствен, на Русија треба да ѝ се забрани сè“, изјави Јармоленко, кој во моментов е член на Ал-Аин од Дубаи.

- Оглас -

Најнови вести