Јастребите летнаа во источното финале, Клиперс му даде „фора“ и на Феникс

Атланта хокс ќе игра во финалето на Iсточната конференција во НБА-лигата против Милвоки бакс откако Јастребите ја добија мајсторката против фаворизираната Филаделфија со 103-96. Тре Јанг имаше 21 поен (десет поени во последната четвртина) и 10 асистенции, а џокерот на Хокс беше Кевин Хуртер со 27 поени.

На 76-ките не им помогна добрата игра на Џоел Ембид, кој имаше 31 поен и 11 скока. Центарот имаше и осум од 17-те загубени топки на Филаделфија, која повторно ги разочара своите навивачи кои очекуваа пласман во конференциското финале. Потфрли Бен Симонс, кој заврши само со пет поени. Атланта има два дена одмор, а в среда гостува во Милвоки, во првиот меч од финалето на Истокот.

Монструозното издание на Девин Букер, кој имаше 40 поени, 13 скока и 11 асистенции, го предводеше Феникс санс до победа над Лос Анџелес клиперс од 120-114 во првиот меч од западното финале. Букер е трет најмлад играч во историјата на НБА зад Лука Дончиќ и Оскар Робертсон, кој направил трипл-дабл во плејофот, во меч на кој постигнал 40 поени. Букер е првиот играч на Феникс по Стив Неш од 2005 година, кој направил трипл-дабл на плејоф-натпревар.

Сонцата од 2010 година немаа победа во западното финале. Им фалеше Крис Пол, додека кај Клиперс го немаше Кавај Ленард. Пол Џорџ со 34 поени беше најефикасен кај Клиперс, тимот кому како да му премина во навика да губи на стартот на плејоф-сериите. Клиперс во претходните две рунди имашаа негатива и од 0-2, па успеваа да минат понатаму.

- Оглас -

Најнови вести