4.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Јирген Клоп има само една неисполнета желба и токму тој повик може да го врати во фудбалот

Јирген Клоп по заминувањето од Ливерпул најави дека му е потребен одмор и не плнира да биде тренер извесен период. Германецот веќе една ипол сезона не го гледаме крај аут-линијата, а неколку екипи веќе се обидоа да го вратат.

Последни во низата беа од Реал Мадрид, но Клоп веднаш ја отфли таа можност и рече дека во моментов му е одлично како директор за фудбал во Ред Бул.

Сепак, германските медиуми најавуваат дека постои само една можност за негово враќање. Според нив, Клоп има една неостварена желба, а тоа е селекторската позиција во репрезентацијата на Германија.

Нагелсман ќе ги води „панцирите“ на Светското првенство, па може да се очекува дека Клоп налето ќе биде неговиот наследник, секако доколку сегашниот селектор на Германија добие отказ или ја прекине соработката со Фудбалскиот сојуз.

- Оглас -

Најнови вести