16.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Јирген Клоп му забранил на Лајпциг да преговара со Ерик тен Хаг

Новоназначениот директор за фудбалски прашања во „Ред Бул“, Јирген Клоп, не бил импресиониран од кандидатурата на Ерик тен Хаг за тренерското место во Лајпциг, објави „Скај спортс“.

Клубот во моментов активно бара наследник на тренерот Марко Розе, кој ќе си замине на крајот од сезоната. Еден од кандидатите бил токму холандскиот стратег, но Клоп ја отфрлил неговата апликација, поради што раководството на Лајпциг нема ниту да започне официјални преговори со Тен Хаг.

На списокот на Клоп како потенцијални опции се наоѓаат имиња како Себастијан Хенес (Штутгарт), Оливер Гласнер (Кристал палас) и Роџер Шмит (поранешен тренер на Бенфика), но не и поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед.

Инаку, Ерик тен Хаг беше отпуштен од Манчестер јунајтед на 28 октомври минатата година, а на негово место беше назначен Рубен Аморим.

- Оглас -

Најнови вести