2.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Јирген Клоп подготвува нова германска лига, му помагаат неколку легенди

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, има револуционерен план, според кој Германија би добила ново првенство. Се работи за лига во која би настапувале само фудбалери до 21 година, а неговиот предлог веќе доби поддршка од неколку германски легенди, но и од Фудбалскиот сојуз.

Според Клоп, во Бундеслигата има премалку млади германски фудбалери и според тој критериум се далеку зад останатите првенства од топ-5 лигите. Со новото првенство би се развиле и академиите на клубовите бидејќи во овој момент само 15% од минутите на терен им припаѓаат на фудбалери кои потекнуваат од академијата на клубот.

Доколку предлогот на Клоп биде усвоен, новото првенство во Германија би започнало веќе од наредната сезона.

- Оглас -

Најнови вести