„ЈНА“ му припадна на Партизан, ќе се менува името на легендарниот стадион

Спортското друштво Партизан ја доби пресудата од Апелацискиот суд во Србија и стадионот „ЈНА“ конечно му припадна на гигантот, кој најави дека ќе го брендира стадионот и ќе му го менува името.

Таква најава имаше уште пред десеттина години, кога во игра беше австриска компанија, но заврши без успех поради спор околу сопственоста на стадионот.

Сега и тој јазол е пресечен, Партизан го доби легендарниот стадион и најави преговори со француски и кинески компании за брендирање и менување на името.

„Би сакал да добиеме три милиони евра годишно за брендирање на стадионот. Трошокот сега ни е околу еден милион евра за одржување, што би ни ги покрило сите издатоци и би ни донело и плус пари“, изјави Милош Вазура, генералниот директор на фудбалскиот клуб Партизан.

- Оглас -

Најнови вести