Јокиќ е од друга планета – Има брилијантен трипл-дабл и постигна неверојатни 30 поени во последната четвртина и продолжението (Видео)

Никола Јокиќ урива рекорди во НБА, а и ноќеска блескаше со нов фантастичен трипл-дабл од 46 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Популарниот Џокер одигра феноменална последна четвртина и едно продолжение, во кои вкупно постигна 30 поени во победата на Денвер нагетс од 138:130 против Њу Орлеанс пеликанс.

Во регуларниот дел од мечот беше нерешено 124:124.

Соиграчите му приредија изненадување во соблекувалната на Јокиќ, кошаркар кој пак е топ-кандидат за МВП на сезоната во НБА-лигата.

Дeнвер прокоцка предност од 21 поен разлика, па мораше да игра продолжение, во кое Јокиќ беше брилијантен со 30 поени во период од 17 минути.

Имаше неверојатен процент на погодени удари од 70 отсто и досега само Вилт Чембрлен успеал да има трипл-дабл со 45+ поени и притоа да има и толку висок процент на реализација.

Јокиќ имаше и 3 украдени топки и 4 блокади, а последен што имал трипл-дабл со 40+ поени и најмалку 4 рампи бил Леброн Џејмс пред 12 години.

Одличен меч одигра и Брендон Инграм со 38 поени, 9 асистенции и пет скока, но Пеликаните немаа рецепт за да го сопрат Јокиќ и загубија по серијата од четири победи по ред.

Останати резултати: Вашингтон – Индијана 133:123, Хјустон – Мемфис 123:112, Оклахома – Јута 103:116, Кливленд – Торонто 104:96, ЛА клиперс – Њујорк 93:116.

 

 

- Оглас -

Најнови вести