Реал Мадрид одигра одличен меч во Минхен, но на крајот загуби со 4:3 од Баерн и е елиминиран од Лига на шампиони. Шпанскиот гигант водеше со 3:2 на пет минути до крајот, но тогаш беше исклучен Камавинга, па со играч помалку, мадриѓани не можеа да парираат, а Баерн постигна два гола за целосен пресврт и победа.
Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа беше многу разочаран, а посебно зачуден за тоа како Камавинга доби црвен картон.
„Одигравме одличен меч. Постигнавме три гола, а имавме шанси да постигнеме уште некој погодок. Мислам дека со доделувањето на црвениот картон на Камавинга, се беше завршено. Неверојантно е дека може да е исклучи играч за таков инцидент. Не можам да верувам дека во еден ваков меч може да се случи такво нешто. Бевме многу гневни, многу разочарани“, рече Арбелоа веднаш по поразот на „Алијанц Арена“.
Според моменталната ситуација, многу лесно може да се случи Реал Мадрид сезонава да ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Сега на кралевите им останува само трката за титулата во Примера дивисион, но и таму е во подредена ситуација во однос на најголемиот ривал Барселона.
„Останува да се фокусираме на дуелите во домашното првенство. Имаме девет бода зад Барселона, но има уште мечеви да се играат и нема да се предадеме“, додаде Арбелоа.

