Јокиќ: Го обожувам мирисот на коњите, звукот кога јадат е најдобар на светот!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ пред новата сезона во НБА-лигата, најголемиот дел од времето го минува на хиподром и во штала. Ѕвездата на Денвер нагетс и актуелен МВП на НБА, најголем дел од времето додека е на одмор во родната земја го минува со коњите, кои се негова голема страст. Јокиќ наскоро ќе стане татко, а летово ги налути сонародниците кога одби да игра во квалификациите за Олимписките игри.

Јокиќ откри што е тоа што најмногу го привлекува кај коњите и коњските трки.

„Го сакам мирисот на коњите. Најдобро чувство на светот е кога ги храните. Звукот кој го создаваат додека јадат во штала е најубавиот звук кој може да се чуе. Тоа е нешто што само луѓето кои сакаат коњи може да го почувствуваат“, рече Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести