Лука Дончиќ на најдобар можен начин го прослави 25-тиот роденден. Словенецот одигра одличен меч и со 30 поени, 16 асистенции и 11 скока го предовдеше Далас до победа на гости кај Торонто од 125:136. За најдобриот стрелец во НБА-лигата сезонава, ова е 11-ти трипл-дабл, но има посебно значење. Тој стана првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој имал трипл-дабл со 30+ поени на негов роденден.
https://twitter.com/i/status/1763042227423498330
Инаку ова е 39-ти трипл-дабл за Дончиќ на којшто има 30+ поени и го надмина Леброн Џејмс во оваа категорија. Само двајца кошаркари во историјата се пред Дончиќ со повеќе трипл-дабл на коишто имале 30+ поени: Оскар Робертсон (106 такви трипл-дабл мечеви) и Расел Вестбрук (48 трипл-дабл меча со 30+ поени).
https://twitter.com/i/status/1763007514839482741
Никола Јокиќ четврти меч по ред завршува со трипл-дабл, а интересно е дека овојпат тоа му успеа со само 32 минути поминати на терен. Денвер беше убедлив против Сакраменто и победи со 117:96, па Јокиќ немаше потреба да се троши многу на теренот.
Србинот на крајот заврши со 14 поени, 14 скока и 11 асистенции. Лидер по бројот на поени кај Денвер беше Џамал Мари, кој постигна 32 поени.
Резултати: Индијана – Њу Орлеанс 123:114, Торонто – Далас 125:136, Чикаго – Кливленд 132:123 по продолжение, Минесота – Мемфис 110:101, Денвер – Сакраменто 117:96, ЛА клиперс – ЛА лејкерс 112:116.