Неколку НБА-ѕвезди делуваа незадржливо ноќеска на терените во најсилната кошаркарска лига во светот. Никола Јокиќ одигра само 27 минути, но и тоа беше доволно да заврши со 17 поени, 12 асистенции и девет скока во убедлвата победа на Денвер против Хјустон од 120:100. На српскиот центар воопшто не му беше важно дека му фали уште еден скок за да има трипл-дабл и кога беше повлечен од теренот, до крајот на средбата остана да одмора.
YOU’RE KIDDING ME WITH THIS NIKOLA JOKIĆ pic.twitter.com/jw0e4Iqn7C
— Katy Winge (@katywinge) December 1, 2022
Девин Букер беше незадржлив, па Феникс немаше проблеми во дуелот со Чикаго. Сонцата победија со 132:113, а Букер постигна дури 51 поен, и тоа само за три четвртини поминати на теренот. Одличен беше и Ејтон со 30 поени и 16 скока.
https://twitter.com/i/status/1598200357750034432
Во одлична форма е и Кевин Дурант, кој даде 39 поени, а историски меч имаше Џејсон Тејтум. Пред Принцот Вилијамс и принцезата Кејт Мидлтон, Тејтум даде дури 49 поени и 11 скока за победа на Бостон против Мајами од 134:121. Тејтум е првиот кошаркар во историјата на НБА што успеал да даде 45+ поени, 10+ скока и да има постигнато 8+ тројки на еден натпревар.
https://twitter.com/i/status/1598200992301842433
Резултати: Кливленд – Филаделфија 113:85, Орландо – Атланта 108:125, Бостон – Мајами 134:121, Бруклин – Вашингтон 113:107, Њујорк – Милвоки 103:109, Минесота – Мемфис 109:101, Њу Орлеанс – Торонто 126:108, Оклахома – Сан Антонио 119:111, Денвер – Хјустон 120:100, Феникс – Чикаго 132:113, Јута – ЛА клиперс 125:112, Сакраменто – Индијана 137:114, ЛА лејкерс – Портланд 128:109.