Јокиќ на чекор од нов трипл-дабл, Атланта го „прелета“ Милвоки (ВИДЕО)

Нова возбудлива НБА-вечер е зад нас, каде што се одиграа неколку интересни натпревари.

Никола Јокиќ имаше уште една квалитетна партија за Денвер нагетс во победата над Портланд трејлблејзерс со 124:95.

Српскиот кошаркар беше на чекор од нов трипл-дабл уфрлувајќи 28 коша и девет асистенции, како и исто толку скокови.

Со тоа Денвер дојде до деветтиот триумф сезонава.

Актуелниот првак, пак, Милвоки бакс беше поразен убедливо од страна на Атланта хокс со 120:100.

Тре Јанг беше лидерот на Хокси со 42 уфрлни поени, додека најголемата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо, беше најефикасен кај гостите со 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ

ЛА лејкерс – Сан Антонио спарс 114:106

Атланта хокс – Милвоки бакс 120:100

Шарлот хорнетс – Голден стејт ворирорс 106:102

Хјустон рокитс – Феникс санс 89:115

Оклахома Сити тандер – Бруклин нетс 96:120

ЛА клиперс – Чикаго булс 90:100

- Оглас -

Најнови вести