Јокиќ објасни зошто го „патосира“ Морис, па доби закана од браќата

Никола Јокиќ е алфа и омега во тимот на Денвер, а тоа го покажа и на последниот меч против Мајами, кога заврши со трипл-дабл во дуелот на кој неговиот тим убедливо победи со 113:96. Сепак, на крајот од средбата наместо да се зборува за фантастичната игра на Србинот, во фокусот е глупавиот потег што го направи првата ѕвезда на Денвер.

Пред крајот на мечот, кога се знаеше кој ќе победи, Јокиќ го патосира Маркис Морис откако прво играчот на Мајами го турна центарот на Денвер.

„Тоа беше глупав потег и лошо се чувствувам. Не требаше така да реагирам, но јас прв добив удар. Го видов Морис и мислев дека ќе направи „паметен“ фаул, но тој ме удри и мислам дека тоа е нечист потег. Морав да се заштитам и да ѝ помогнам на екипата да победиме. Сепак, се чувствувам лошо затоа што не требаше така да реагирам“, рече Јокиќ по мечот.

По инцидентот се огласи и Маркус Морис, братот на Маркис. Маркус игра во Лос Анџелес клиперс и тој како и неговиот брат се познати како „прљави“ играчи во НБА. Маркус упати директна порака до Јокиќ.

„Чекаше брат ми да се сврти со грб. Ова ќе ти го памтам“, рече Маркус Морис.

- Оглас -

Најнови вести