Кошаркарите на Денвер дојдоа до тесна победа од 125-128 на гостувањето кај Јута и тоа пред се благодарение на одличната партија на Џамал Мареј, кој успеа да постигне неверојатни 45 поени.
Никола Јокиќ мечот го заврши со ефект од 22 поени, 12 скока и пет асистенции, па во сите три елементи одигра под неговиот просек, кој изнесува 28.8 поени, 12.6 скока и 10.5 асистенции.
Резултати:
Вашингтон – Хјустон 118-123
Милвоки – Бостон 81-108
Јута – Денвер 125-128
Голден стејт – ЛА Клиперс 101-114

