Јокиќ продолжува да доминира во НБА и со новите патики (Видео)

Никола Јокиќ со победа го одбележа првиот меч како „манекен“ на кинескиот производител на спортска опрема „361“. Откако му заврши договорот со „Најки“, Јокиќ одлучи да потпише повеќегодишен договор и да стане заштитно лице на кинеската компанија.

„Најки“ одби да му креира негова линија на патики, по што Јокиќ се одлучи да потпише за „361“ и да стане заштитно лице на компанијата која има 6.000 продавници во Кина и повеќе од 3.000 низ целиот свет.

https://twitter.com/NickDePaula/status/1737641472336499158

Дебито со новите патики го одбележа со дабл-дабл од 31 поен и 15 скока во победата на неговиот Денвер нагетс од 113:104 над Торонто репторс.

Неверојатна партија одигра и МВП играчот од минатата сезона, Џоел Ембид. Ембид даде дури 51 поен, на кои им придодаде и 12 скока во победата на неговата Филаделфија од 127:113 против најдобриот тим во Западната конференција, Минесота тимбервулфс.

 

Лука Дончиќ оствари трипл-дабл од 28 поени и по 10 скока и асистенции, но неговиот Далас загуби во дербито на Западот од ЛА клиперс со 120:111.

Резултати: Кливленд – Јута 124:116, Индијана – Шарлот 144:113, Орландо – Мајами 106:115, Филаделфија – Минесота 127:113, Бруклин – Њујорк 102:121, Торонто – Денвер 104:113, Чикаго – ЛА Лејкерс 124:108, Хјустон – Атланта 127:134, Далас – ЛА клиперс 111:120, Сакраменто – Бостон 119:144.

- Оглас -

Најнови вести