Јокиќ со нов трипл-дабл, екипите кои победија беа ептен ефикасни (Видео)

Вкупно шест меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, во кои екипите кои постигнаа беа многу расположени за поентирање и ниеден тим не даде под 117 поени. Најефикасен беше Лос Анџелес клиперс, кој постигна 153 поени во победата над Минесота, која застана на 128 поени.

Најрасположен за погодување беше Каваи Ленард, кој постигна 45 поени, со фантастичен шут од поле погодувајќи 15 од 20 шута. Кај поразените, најефикасен беше Ентони Едвардс со 36 поени.

Денвер одигра моќен меч и со 129:93 го растури Хјустон. Никола Јокиќ не беше многу расположен за погодување, но пак стигна до трипл-дабл затоа што заврши со 16 поени, 12 скока и 13 асистенции. За Јокиќ ова беше 191 трипл-дабл во кариерата и сега му недостасуваат само уште 17 за да го достигне Расел Вестбрук на првото место на вечната листа по бројот на остварени трипл-дабл учиноци. Џемал Мареј со 30 поени беше најефикасен кај победничкиот тим на Денвер.

Резултати: Орландо – Кливленд 128:122, Њу Орлеанс – Торонто 122:111, Јута – Њујорк 117:134, Денвер – Хјустон 129:93, Сакраменто – Шарлот 109:117, ЛА клиперс – Минесота 153:128.

 

 

- Оглас -

Најнови вести