9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Јокиќ со нова маестрална партија донесе убедлив триумф за Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер, предводени од Никола Јокиќ, забележаа нова победа во НБА лигата, откако со убедливи 105-136 славеа на гостувањето кај Сакраменто. Србинот на паркетот мина само 29 минути, но и тоа беше доволно за ефект од 36 поени, 12 скока и осум асистенции.

Денвер доминираше во сите четири четвртини, а убедливата победа ја најави уште во првата, која ја доби со 26-41. На полувремето се замина со резултат од 54-77, а во второто полувреме шанса за настап добија сите кошаркари.

Резултати:

Хјустон – ЛА клиперс 115-113
Милвоки – Бостон 116-101
Њу Орлеанс – Портланд 143-120
Сакраменто – Денвер 105-136

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести