Јокиќ со осум поени во последната минута сам ја победи Филаделфија (Видео)

Никола Јокиќ не успеа да дојде до нов трипл-дабл, откако му фалеше само еден скок, а не беше ниту најдобар стрелец на мечот, но со осум поени во последната минута буквално сам ја победи Филаделфија на гости. Денвер славеше со 134-137, а српскиот кошаркар успеа да уфрли 28 поени, на кои додаде и девет скока и 13 асистенции.

Дури 14 од овие 28 поени, Јокиќ ги постигна во последните четири минути, а осум во последните 60 секунди, во моментите кога се „кршеше“ резултатот.

Резултати:

Шарлот – ЛА Клиперс 104-112
Детроит – Далас 117-102
Филаделфија – Денвер 134-137
Торонто – Чикаго 106-122
Њу Орлеанс – Бостон 116-118
Сан Антонио – Милвоки 144-118
Голден стејт – Феникс 105-130

- Оглас -

Најнови вести