Јокиќ за можноста да игра на ЕП: „Прво да испијам многу пива, па ќе одлучам“

Сезоната на Никола Јокиќ во НБА-лигата и официјално заврши со поразот од Оклахома во мајсторката од полуфиналната серија на Западната конференција. Денвер загуби со убедливи 125-93, па кошаркарите сега се на „распуст“, а кошаркаркарската јавност, пред сè, онаа во Србија, се прашува дали Јокиќ ќе игра за репрезентацијата на Европското првенство.

„Мислам дека минатогодишните Олимписки игри ме направија подобар играч. Играв за мојата земја во едно различно опкружување и под други правила. Играв со други кошаркари и тие ме направија подобар. Морам да одлучам дали ќе играм на Евробаскетот, уште немам донесено одлука. Допрва треба да го сторам тоа, ќе видиме. Треба да разговарам со тренерите и со главните играчи. Од сега, па во наредните неколку дена ќе испијам многу пива“, рече Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести