Јотовски доби награден билет во Египет и го искористи победнички

Томислав Јотовски продолжи со одличните настапи во новата година и денеска во интерсен меч го победи 19-годишниот тенисер од Словачка, Лукас Палович со 2:0 во сетови во првото коло на ИТФ турнирот во Каиро, Египет.

Македонскиот тенисер успеа да поведе со 1:0 против помладиот ривал, откако го доби првиот сет со 6:4.

Потоа следеше исцрпувачка битка што повторно ја доби Јотовски, во тај-брејк со 7:5 во поени и со триумф од 6:4,7:6 се пласираше во второто коло.

Интересно е што нашиот тенисер доби шанса да игра на главниот турнир, откако загуби во квалификациите, а имаше среќа еден од тенисерите да се откаже.

Јотовски влета во последен момент и веднаш ја искористи шансата за победнички старт во Каиро.

На претходниот турнир во главниот град на Египет, Томи го освои пехарот во игра на двојки со бугарскиот тенисер Антони Генов.

Имаше одличен настап и во поединечна конкуренција со една победа што посебно е вредна против италијанскиот тенисер Алесандро Рагаци, кој е за 444 места подоброрангиран од нашиот тенисер.

И сега повторно ќе игра со ривал од Италија во второто коло на вториот турнир во Египет, а ривал во осминафиналето ќе му биде првиот носител Рикардо Бонадио.

 

- Оглас -

Најнови вести