Томислав Јотовски, кој од неразбирливи причини не играше за репрезентацијата на Македонија на Дејвис купот, единствен од нашите тенисери успеа да ги мине квалификациите на турнирот во Софија.
На главниот турнир ќе игра и Горазд Србљак, кој се пласира директно, без да игра квалификации.
Јотовски имаше и пеколен распоред денеска и одигра два меча, а во финалето во квалификациите го победи Дражен Петровиќ од БиХ со 7:5, 7:6 (5).
Само три часа претходно, Томислав успеа да го победи бугарскиот тенисер Мартин Димитров во тежок меч со 6:4, 6:4 и потоа собра сили да слави и против последниот ривал во квалификациите.
Во првото коло на главниот турнир, Јотовски ќе игра против домашниот тенисер Виктор Марков, а Србљак за ривал на стартот ќе го има Турчинот Туркај Дуран.
фото: Игор Паневски