Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев го официјализира договорот со хрватскиот прволигаш Риека. Дефанзивецот во Риека доаѓа како слободен играч откако го раскина договорот со турскиот прволигаш Адана Демирспор.
Според договорот, тој треба да остане во хрватскиот тим до јуни 2027 година, а има опција и за продолжување на договорот уште на една година. Ќе го носи дресот со бројот 15.
Манев беше стандарден во тимот на Адана во есенскиот дел од оваа сезона. Одигра 15 меча, а имаше и еден гол и асистенција. Вкупно на теренот помина 1.185 минути, што доволно зборува дека се наоѓа во добра натпреварувачка форма. Договорот со Адана го раскина поради финансиски проблеми во турскиот тим.
Хрватското првенство е добро познато за Манев затоа што претходно има настапувано и за тимот на Осиек. Интересно е дека Манев дебито во дресот на Риека може да го има токму против неговиот поранешен клуб Осиек ,и тоа во рамките од 22-рото коло на првенството, на „Опус арената“.