Јоветиќ стана само трет фудбалер кој бил во сите пет топ лиги во Европа

Стеван Јоветиќ со потписот за Херта Берлин стана само трет фудбалер во историјата кој се појавил во сите пет најсилни лиги во Европа, а тоа се англиското, шпанското, италијанското, германското и француското првенство.

Јоветиќ им се придружи на Данецот Кристијан Поулсен и Романецот Флорин Радучоју како единствени фудбалери кои биле членови на клубови од секоја од топ петте лиги на Стариот Континент. Блиску до ваков подвиг беше и Камерунецот Пјер Воме, кој играше за прволигашки клубови од Италија, Германија, Шпанија и Англија, а во Франција само за нисколигаши, со кои никогаш не се пласира во првата лига.

Црногорецот денеска е претставен како засилување на Херта, клуб со кој потпиша договор до 2023 година, со опција за продолжување за уште една година.

Во претходните четири сезони, Јоветиќ играше за Монако во француската лига. Интернационалната кариера во топ лигите ја почна во Фиорентина, потоа премина во Манчестер сити, додека во Шпанија го носеше дресот на Севилја. Му остана само уште Германија, а во следните барем две сезони ќе настапува и во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести