-3.2 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Јубилеј на тимот со кој се радуваме и се гордееме, 30 години од дебито на ракометната репрезентација на Македонија

Денешниот датум, 15 декември, е историски за македонскиот ракомет. На овој датум во 1993 година за првпат свој настап имаше машката репрезентација на самостојна Македонија. Тоа се случи во Орадеа, Романија, на познатиот турнир „Трофеј Карпати“, во дуел со домашната Романија (пораз од 22-24).

На тој меч во Орадеа, во составот на Македонија беа: Стефче Стефановски, Зоран Петковски, Димитар Богдановски, Драган Маринковиќ, Горан Шопов, Томче Петрески, Звонко Шундовски, Среќко Георгиевски, Емил Стојановски, Боро Чурлевски, Миле Нешковски, Орде Илиoски, Игор Котевски, Игор Тасевски, Тони Николовски и Стефче Алушовски.

Тимот го предводеа селекторот Славе Атанасовски и тренерот Ванчо Јовановски.

Во овие три децении постоење, македонската ракометна репрезентација е една од најуспешните во колективните спортови и убедливо најконстантна кога станува збор за настапи на светски и европски првенства.

- Оглас -

Најнови вести