Јубилејно 200-то дерби меѓу Партизан и Ц. ѕвезда пред 25.000 гледачи – кој е фаворит според обложувачниците?

Еден од најголемите градски дерби-дуели во светот, тој меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, вечерва ќе го има јубилејното 200-то издание. Партизан е домаќин на мечот од полуфиналето од Купот, по кој треба да се дознае тимот што ќе се бори за трофејот во најмасовното натпреварување кај нашиот северен сосед.

Кога играат белградските ривали, речиси и да нема фаворит, па така и за овој меч коефициентите во Sport Life се речиси израмнети и двете екипи имаат шанси за место во финалето. Во една ваква ситуација, дури е многу веројатно да нема ни победник по 90 минути, па драмата да се реши преку изведување на пенали.

Иако и во Србија уште постои опасност од корона-вирусот, овој меч ќе се игра со публика, а според некои проценки, се очекува да има 25.000 гледачи на стадионот во „Хумска“.

 

- Оглас -

Најнови вести