Јунајтед десеткуван ќе мора да издржи во вториот дел, во Севилја се делат пенали како колачи (видео)

Погодокот на Кристијано Роналдо по фантастичната асистенција на Бруно Фернандеш во 13-тата минута засега ги задоволува апетитите на Манчестер јунајтед, со оглед на тоа дека Црвените ѓаволи со играч помалку имаат минимално водство на гостувањето кај Јанг бојс.

Гостите од Манчестер по малку повеќе од половина час игра останаа десеткувани по исклучувањето на Ван-Бисака по крвничкиот старт врз Переира. Засега тоа не прави проблеми бидејќи Солскјер веднаш реагираше и го извади Санчо за да ја пополни десната бековска позиција со Далот.

Несекојдневна драма се случува на „Рамон Санчес Писхуан“, каде што на мечот меѓу Севилја и Салцбург се шутираа дури четири пенали, а резултатот по 45 минути гласи 1-1.

Гостите трипати добија шанса да се заканат од белата точка, прво Адејеми промаши во 13-тата минута, само за осум минути подоцна Сучиќ да ја исправи грешката, но и стрелецот на првиот гол промаши уште еден пенал во 37-мата минута.

Ракитиќ не направи таква грешка, па во 42-рата минута израмни на 1-1

https://streamable.com/u1du88

https://streamable.com/sws8yq

- Оглас -

Најнови вести