Јунајтед има мали шанси против Арсенал, играчите на Спортска прогноза веруваат во Елмас и Торино

Новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, го отвораат Торино и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со меч во сабота, во 15 часот.

Играчите на Спортската прогноза веруваат во нов успех на новата екипа на нашиот репрезентативец, па дури 46% од нив очекуваат гостинска победа на Торино над Парма.

Најинтересниот меч ова коло е премиерлигашкото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, а само 15% се шансите на Црвените ѓаволи за победа на овој натпревар. На спротивната страна, дури 60% од типувачите веруваат во победа на Арсенал.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести